Грчки спасувачи загинаа во сообраќајна несреќа во Либија
Организациите стравуваат дека доколку час поскоро не се преземат мерки, постои опасност од ширење на болести...

Бројот на загинатите во поплавите во Либија се проценува на 11.300. Пет лица од грчкиот спасувачки тим загинаа во сообраќајна несреќа во обид да им помогнат на настраданите од поплавите. Возилото на спасувачката екипа се судрило со автомобил.
Тројца членови на либиското семејство загинаа. Организациите стравуваат дека доколку час поскоро не се преземат мерки, постои опасност од ширење на болести.
„Еден од главните предизвици е организирање на целата помош што пристигнува. Во здравствените сектори има потешкотии. Ќе треба многу организација. Ќе се фокусираме на тоа во наредните денови и недели“, изјави Клер Николет, портпарол на „Лекари без граници“.
Либиската Влада на национално единство објави дека од 17 земји пристигнале 38 авиони за помош во погодените подрачја.
