Русија и Украина продолжуваат со гранатирањата
Напади се забележани и на руска територија, властите собориле две беспилотни летала над Крим и едно над регионот Белгород...

Жестоки битки и натаму на фронтот. Русија и Украина продолжуваат со гранатирањата. Напади се забележани и на руска територија, властите собориле две беспилотни летала над Крим и едно над регионот Белгород. Украинските власти објавија дека освоиле село кај Бахмут кое може да биде клучно во целосно окупирање на градот.
„Би сакал да ги поздравам воините кои постепено ја враќаат територијата на Украина во областа Бахмут. Добро сторено!“, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Меѓународниот суд на правдата во Хаг денеска ќе ги сослуша приговорите на Русија за наводниот геноцид во Украина. Киев смета дека Москва го крши меѓународното право тврдејќи дека инвазијата е оправдана со цел да се спречи геноцид во источна Украина. Кремљ пак сака случајот да биде отфрлен и не ја признава јурисдикцијата на Меѓународниот суд.
