САД

Десетици илјади демонстранти ја почнаа Климатската недела во Њујорк

18.09.2023 09:09

Протестот е во пресрет на 78. Собрание на ООН каде што светските лидери, бизнисот, политиката и уметноста се здружуваат во обид да ја спасат планетата...

Со транспаренти за ставање крај на фосилните горива, десетици илјади демонстранти ја почнаа Климатската недела во Њујорк. Протестот е во пресрет на 78. Собрание на ООН каде што светските лидери, бизнисот, политиката и уметноста се здружуваат во обид да ја спасат планетата.

„Не можеме да јадеме јаглен. Не можеме да пиеме нафта. И не можеме да имаме нови инвестиции во фосилни горива“, изјави Ванеса Накате, активист.

Протестите за климата се одржуваат во светот веќе неколку години.