П Водовод и канализација – Скопје

Водата во Скопје безбедна за пиење и со добар квалитет

18.09.2023 10:46

Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење (Службен весник на РМ, бр. 183/18)...

Водата во Скопје е безбедна за пиење. Ова го покажа последното испитување на Секторот за санитарна контрола, направено на 192  примероци за физичко-хемиска и 192 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење, земени од 43 мерни места во Градот Скопје, во периодод 11.09.2023 до 15.09.2023.

Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење (Службен весник на РМ, бр. 183/18), се наведува во соопштението на ЈП Водовод и канализација – Скопје.