Скопје
Утре без струја неколку улици во општините Сопиште и Бутел
18.09.2023 10:58
Во периодот од 09.00 до 12.00 часот, без струја ќе бидат корисниците од дел од улицата 4, Соње Коштан, село Горно Соње во Општина Сопиште...

ЕВН Македонија известува дека утре без електрична енергија ќе останат улици во општините Сопиште и Бутел.
Во периодот од 09.00 до 12.00 часот, без струја ќе бидат корисниците од дел од улицата 4, Соње Коштан, село Горно Соње во Општина Сопиште, а во периодот од 09.00 до 11.00 часот, електрична енергија ќе немаат корисниците од Горно Оризари, местото наречено Крст во општина Бутел.
