Рочиштето за „Титаник“ – тест за измените на Кривичниот законик
Откако пратениците ја изгласаа максималната казна за кривичното дело злосторничко здружување да биде четири години казна затвор, на денешното рочиште за случајот „Титаник“ ќе се знае дали ова кривично дело, за кое меѓу другите се гони и поранешниот премиер Никола Груевски, ќе застари...

Откако пратениците ја изгласаа максималната казна за кривичното дело злосторничко здружување да биде четири години казна затвор, на денешното рочиште за случајот „Титаник“ ќе се знае дали ова кривично дело, за кое меѓу другите се гони и поранешниот премиер Никола Груевски, ќе застари и што ќе преземат Обвинителството, но и судот во врска со ова.
Ако судот констатира дека делото е застарено, тогаш ќе куртули и поранешниот генерален секретар на владата, Кирил Божиновски. Претходно, ова кривично дело застаре за 14 лица кои беа обвинети за изборни нерегуларности.
Освен Груевски и Божиновски, во „Титаник“ им се судеше и на поранешните министри Миле Јанакиески и Гордана Јанкулоска како и на поранешниот шеф на кабинет на Груевски, Мартин Протуѓер.
Сепак, на обвинетите ќе продолжи да им се суди за кривичните дела повреда на избирачкото право, повреда на слободата на определување на избирачите, поткуп при избори и гласање, уништување изборен материјал и злоупотреба на средства за финансирање изборна кампања.
