Софистицираните системи „Пегасус“ и „Предатор“ под лупа на надзорната собраниска комисија
Денеска истекува крајниот рок до кога надлежните институции треба да достават информација за софистицираните системи, особено за нивното производство, продажба, користење и можни злоупотреби.

Седницата на Комисијата за надзор над работата на Агенцијата за национална безбедност и на Агенцијата за разузнавање зад затворени врати. Се разгледува информацијата за софистицираните системи „Пегасус“ и „Предатор“.
Денеска истекува крајниот рок до кога надлежните институции треба да достават информација за софистицираните системи, особено за нивното производство, продажба, користење и можни злоупотреби.
Во информацијата треба да се опфати и кои фирми се вклучени во производството и во продажбата на системите, дали нашите служби ги користат и поседуваат, дали вакви системи поседуваат поединци, компании, политички партии и други субјекти.
