УХМР
Утре во попладневните и ноќните часови пороен дожд и грмежи
18.09.2023 12:23
Од УХМР најавуваат дека и во текот на целата седмица ќе се задржи топло време, а во попладневните часови ќе има изолирана појава на краткотраен дожд...

Утре во попладневните и ноќните часови на места ќе има појава на пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме.
Како што информираат од Управата за хидрометеоролопки работи, минималната температура утре ќе биде во интервал од 9 до 17, а максималната ќе достигне од 24 до 31 степени.
Од УХМР најавуваат дека и во текот на целата седмица ќе се задржи топло време, а во попладневните часови ќе има изолирана појава на краткотраен дожд и грмежи.
