Македонија

Сојузот на здруженија на дијабетичари поднесе претставка до Народниот правобранител

18.09.2023 12:38

Причината за претставката е што на поставеното прашање, зошто девет месеци немаат гликомери, ленти за мерење на шеќерот во крвта, тие не добиле одговор...

Сојузот на здруженија на дијабетичари до Народниот правобранител, Насер Зибери, поднесе претставка за работата на Министерството за здравство.

Причината за претставката е што на поставеното прашање, зошто девет месеци немаат гликомери, ленти за мерење на шеќерот во крвта, тие не добиле одговор. Тие до Зибери поднеле барање за постапување, бидејќи периодот во кој пациентите се оставени без неопходните за нормален живот, гликомери и ленти, е долг девет месеци со што на пациентите им е повредено правото за здравствена заштита загарантирано со Устав.

Претседателот на Сојузот, Димче Велев, вели дека дијабетичарите се соочуваат со сериозен проблем по здравјето, со немање на глукомери и ленти за контролирање на гликемиските вредности во крвта и системи за континуирано мерење на гликемија за деца и млади до 18 години. Потсетува дека оваа обврската за редовна набавка на глукомерите и лентите, е согласно Законот за здравствена заштита.