Меџити: Бескомпромисна борба со криминалот
Министерот за здравство Меџити вели дека тој лично до Обвинителството ќе ја достави целата документација за злоупотреба во повеќе здравствени институции...

Министерот за здравство најавува дека нема компромиси со корупцијата. Меџити вели дека тој лично до Обвинителството ќе ја достави целата документација за злоупотреба во повеќе здравствени институции.
„Мораме да ги истражиме до крај работите и еднаш засекогаш здравството во државата да го однесеме на прав пат. Мора да го напуштиме тој ментален склоп, да размислуваме позитивно, да се бориме. Како министер ви гарантирам дека со моите надлежности, без компромис, нема да штедиме никого и ќе работиме. Тоа што ќе го докажеме ќе го санкционираме до крај“, изјави министерот за здравство Меџити.
Сепак, министерот за здравство не открива конкретни детали за скандалот со Онкологија. Пациентите што имаат сомнежи, ги препрати до Обвинителството.
