И третото место е добар резултат
Откако ги загубија и теоретските можности за пласман во баражот, македонските одбојкари ќе играат за да го задржат третото место во квалификациите за Европското првенство во 2015-та. Противник ќе им биде Полска, во третиот и последен натпревар од квалификацискиот турнир во Љубљана. Во него Македонија ќе влезе со пет бода, еден повеќе од Летонија, која во завршниот дуел од нашата група ќе се сретне со домаќинот Словенија.

Без оглед на резултатите од средбите во „Стожице“, веќе се знае дека Полска ќе игра на собирот во Бугарија и во Италија наредната година, но и дека Словенците ќе играат бараж.
Според квалитативната разлика, конечниот пласман на тимот на селекторот Жарко Ристовски нема да зависи од нашата пресметка со Полјаците, туку од подготвеноста на Словенците да одиграат максимално против Летонија. За да бидеме трети во конечното рангирање, нам ни одговара каква било победа на Словенија.
***
Квалификации за ЕП 2015
Група 1, 3.коло:
16.00 Македонија – Полска
19.00 Словенија – Летонија
Табела:
1.Полска 13
2.Словенија 8
3.Македонија 5
4.Летонија 4