здравство

Епидемиолошката состојба во Прилеп е стабилна, се следи коронавирусот

18.09.2023 13:27

Будно се следи состојбата со корона вирусот. Во земјава циркулираат варијанти на сојот омикрон. Во септември е зголемен бројот на заразените...

Неделава Комисијата за заразни болести ќе решава дали ќе има мерки за заштита по зголемување на бројот на заболени од ковид според последните статистики. Од таму за МТВ велат-нема простор за паника. Состојбата се следи, има и вакцини соодветни за превенција. Во земјава циркулираат варијанти на сојот Омикрон. Елизабета Митревска во Дневникот во 13 известува за состојбата во прилепско. Ги има информациите од епидемиолог Татјана Мургоска Станимировиќ.