Русите фаворити за петтото, Финците по трето злато

25.05.2014 13:48

Русија и Финска ќе играат за тронот во хокеј на мраз. На Светскиот шампионат во Белорусија, првиот фаворит Русија ја совлада Шведска со 3-1 во полуфиналето, а Финците се радуваа против Чешка со 3-0. Два гола постигна Лехтера, а еден Имонен. За „зборнаја“ против Шведска стрелаа Плотников, Широков и Белов, откако „трите круни“ поведоа со голот на Молер.

На мразот во Минск, Русија ќе се бори за петтиот златен мундијалски медал по распадот на Советскиот сојуз. Славеше во 1993-та, во 2008-ма, 2009-та и во 2012-та. Финците, пак, двапати беа на врвот на светот, во 1995-та и во 2011-та, што заначи дека денешното финале ќе биде дуел на два од последните три светски првака. На првото меѓусебно соочување на шампионатот, во групната фаза, Русија ја совлада Финска со 4-2.

Швеѓаните не успеаја да го одбранат златото од ланскиот собир, а доколку сакаат да останат на подиумот, треба да ја совладаат Чешка во битката за третото место.