Италија
Нови миграциски правила на островот Лампедуза
18.09.2023 15:04
Секој ден илјадници мигранти пристигнуваат со бродови на малиот италијански остров меѓу Сицилија и Северна Африка...

Италијанската влада се очекува да усвои нови миграциски правила поради миграциската криза на медитеранскиот остров Лампедуза. Секој ден илјадници мигранти пристигнуваат со бродови на малиот италијански остров меѓу Сицилија и Северна Африка.
Прифатниот центар на островот е преполн. Претседателката на европската комисија, Фон дер Лајен, претходно ја посети Лампедуза и вети дека ќе се засили надзорот во медитеранот. Италијанската премиерка Џорџа Мелони сака да преземе мерки и на национално ниво.
