Прво водство за „Кралевите“

25.05.2014 13:49

Лос Анџелес Кингс поведоа со 2-1 во победи против Чикаго Блекхокс во финалето на западната конференција од НХЛ, канадско – американската професионална хокејарска лига. На првиот меч на мразот во „градот на ангелите“, домаашниот состав триумфираше со 4-3, иако противникот двапати водеше. Најпрво со голот на Теивс со 1-0, а откако Лос Анџелес израмни преку Воинов, Теивс стрелаше уште еднаш и му овозможи предност на Чикаго од 21 по првиот период.

Во втората третина, во „Стејплс“ центарот како да играше една екипа. Картер и Тофоли направија целосен пресрвт за водство на Лос Анџелес од 3-2, а во решавачките 20 минути голот на Даути ја запечати судбината на Чикаго на овој натпревар. Иако Шарп го прати пакот во мрежата на четири секунди пред звукот на сирената, Чикаго загуби, па за израмнување во серијата до четири победи треба да слави на наредниот натпревар на којшто домаќин исто така ќе биде Лос Анџелес.

Во финалето на истокот, Њујорк има предност од 2-1 против Монтреал, а следниот натпревар е на мразот на американската екипа. На ите три средби досега славеа гостинските состави.