Пробиштип

Потреба од лица за нега на старата популација

18.09.2023 16:50

Околу 1.200 лица во државата се опфатени во проектот за подобрување на социјалните услуги. Обучени се лица за помош и нега во домот на старите и изнемоштени лица, услуги за активно стареење, како и лична асистенција на лица со попреченост. Со меѓуопштинска соработка на Пробиштип и Кратово обучени се 14 негувателки кои секојдневно им помагаат на 44 стари лица...

Стојка Арсова од Пробиштип е една од корисниците на услугата за помош и нега во домот, дел од владиниот проект за подобрување на социјалните услуги. Вели дека е задоволна од секојдневната посета и помош од негувателката.

Катерина Митевска секојдневно се грижи за петмина изнемоштени лица во Пробиштип.

Четиринаесет лиценцирани негувателки од Пробиштип и Кратово се грижат за 44 корисници на оваа услуга, која им е потребна на се повеќе стари лица. Црвен крст Пробиштип ќе бара средства за обука на нови негувателки.

Проектот за подобрување на социјалните услуги кој е помогнат од Светската банка се реализира во околу половина од Општините. Оваа помош за старите лица е достапна и во руралните средини, истакна Министерката за труд и социјална политика при нејзината посета во Пробиштип.

 

Славица Величковска