Студентите излегоа на улица со порака дека ќе се борат за правда во државата
Студенти од Правниот факултет и граѓани кои се собираа преку социјалните мрежи, денеска излегоа на протест против измените во кривичниот законик. Маршираа пред Владата а потоа се приклучија на протестот пред Обвинителството...

Постепено уривање на правните столбови во нашата држава. Сведоци сме како во континуитет ни се урива нашиот правен систем, тоа што се предава на факултетот не се практикува во реалноста, рекоа студентите од правните факултети кои се организираа на социјалните мрежи и излегоа на улица и се против измените во кривичниот законик.
Ние како идни правници треба да бидеме право раздавачи, да бидеме чесни и морални, во служба на граѓаните наместо тоа гледаме како правото во нашата држава стана алатка на богатите и како се злоупотребува. Повикаа да не се злоупотребува европското знаменце.
Ние сме иднината на ова држава како правораздавачи и несакаме да живееме во држава во којашто на овој начин ќе се толкува правото и ќе се применува секојдневно, децидни се студентите. голем број од предметите на специјалното јавно обвинителство ќе бидат разнишани со застарувања на делата злоупотреба на службената положба и злосторничко здружување токму поради намалените казни со последните измени на кривичниот законик.
Ана Јосифовска Тодоровска