Металурзите пред промоција

25.05.2014 14:18

Ракометарите на Металург се пред шампионска промоција во домашното првенство. Доколку слават на денешното гостување кај Пелистер, ќе го кренат пехарот наменет за најдобрата екипа во нашата најквалитетна ракометна конкуренција.

Во пресрет на последното коло од Супер лигата, Металург има два бода помалку од големиот ривал Вардар, кој вчера го совлада Пролет со 38-20. Оттука, само победа во Битола ќе значи дека титулата ќе се пресели од „Кале“ во „Автокоманда“. Секој друг резултат ќе му овозможи на Вардар да остане шампион.

Натпреварот Пелистер – Металург ќе го гледате на Првиот програмски сервис на МРТ од 17 и 45.