САД

Претседателот Пендаровски се обрати на Самитот за целите за одржлив развој

18.09.2023 23:14

Почнува 78-то Генерално собрание на Обединетите нации. Државната делегација ја предводи претседателот Пендаровски, кој денеска говореше на сесијата за одржлив развој на маргините средби.

Во своето обраќање претседателот Пендаровски истакна дека со поддршка на агенциите на ОН и донаторска поддршка, постигнавме напредок во постигнувањето на Целите за одржлив развој и државата утврди три главни национални обврски: инвестирање во развивање на вештините за иднината како предуслов за економски раст, зголемување на уделот на обновливите извори на енергија за поддршка на климатската акција и енергетската одржливост и усвојување на Националната развојна стратегија, која заедно со Рамката за развој МКД2030 треба да ги рационализира сите Цели за одржлив развој во македонското општество.

Стојан Трпчевски од Њујорк