Временска прогноза
Претпладне сончево, попладне нестабилно време
19.09.2023 08:16
Попладне и во текот на ноќта на места ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме...

Времето денеска во претпладневните часови ќе биде сончево со умерена облачност. Попладне и во текот на ноќта на места ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме.
Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 17 степени, а максималната ќе достигне до 31 степен.
Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а кон крајот на денот облачноста ќе се зголеми. Во текот на ноќта во делови од котлината ќе има услови за краткотраен пороен дожд.
