ИТАЛИЈА

Зголемен бројот на мигранти во Лампедуза и покрај новите мерки

19.09.2023 08:32

Одлуката на италијанските владини функционери следи откако речиси 10.000 мигранти пристигнаа на јужниот италијански остров минатата недела...

Мигранти и натаму пристигнуваат во Лампедуза и покрај новите мерки со кои се продолжува времето на нивното задржување и враќање во татковината доколку немаат право на престој. Одлуката на италијанските владини функционери следи откако речиси 10.000 мигранти пристигнаа на јужниот италијански остров минатата недела.

Претходно, претседателката на Европската комисија вети план од 10 точки за ставање крај на нелегалната миграција.