Украина поднесе жалби до Светската трговска организација против Полска, Словачка и Унгарија
Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, ја опиша ситуацијата околу украинското жито како „бескрајна бура“ од Западот. Во меѓувреме, жестоки битки во Бахмут...

Украина поднесе жалби до Светската трговска организација против Полска, Словачка и Унгарија поради забраната за увоз на жито од Украина. Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, ја опиша ситуацијата околу украинското жито како „бескрајна бура“ од Западот. Во меѓувреме, жестоки битки во Бахмут. На првиот ден од Генералното собрание на ООН пред светските лидери ќе се обратат американскиот претседател Џо Бајден и украинскиот претседател Зеленски кој претходно ги посети ранетите војници на неговата земја во болница во Њујорк.
„За нас многу е важно сите наши зборови, сите наши пораки да бидат слушнати од нашите партнери. Ова е важно прашање за сите членки на Обединетите нации“, изјави украинскиот претседател Володимкир Зеленски.
За во четврток Белата Куќа најави средба Бајден-Зеленски. Конгресот во моментов го разгледува барањето на претседателот на САД да обезбеди 24 милијарди долари повеќе воена и хуманитарна помош.
