Фудбал

Лига на шампионите - факти и бројки

25.05.2014 14:30

По синоќешниот триумф на Реал над Атлетико во финалето на Лигата на шампионите на УЕФА, фудбалските историчари забележаа уште неколку нови фудбалски факти.

-На стадионот „Луж“ во Лисабон, Годин во 36-та минута го совлада Касиљас за предност на Атлетико којашто важеше се до судиското надополнување. Тогаш Серхио Рамос погоди за 1-1, а во продолженијата Реал го торпедираше противникот со уште три гола. Стрелци беа Бејл по одличниот продор на Ди Марија, Марсело и Кристијано Роналдо од пенал.

-Финалето во Лисабон беше седмо со продолжувања, но прво коешто не беше решавано на пенали.

-Герет Бејл е првиот играч што дал гол во продолженијата од финале на елитната конкуренција.

-Победата од 4-1 на Реал е втора највисока во финале на Лигата на шампионите. Рекордот е на Милан кој ја совлада Барселона со 4-0 во Атина. Реал ја победи Валенсија со 3-0 во 2000-та, а Порто – Монако со 3-0 во 2004-та.

-Финалето во Лисабон беше второ најефикасно во ЛШ. Повеќе погодоци имаше само во Истанбул во 2005-та кога Ливерпул и Милан одиграа 3-3. Милан воеше со 3-0, но на крајот англискито клуб се радуваше по изведувањето пенали.

-Кристијано Роналдо ја заврши сезоната со 17 гола во ЛШ што е рекорд. Португалецот сега има 67 гола во елитната лига, идентично како и Меси, а четири помалку од рекордерот на сите времиња – Раул.

-Кристијано Роналдо е првиот играч што дал гол во финале на ЛШ за две различни екипи. Тој стрелаше и за Манчестер јунајтед во 2008-ма. Ето, Меси и Раул погодија во две финалиња, но за една екипа.

-Реал ја крена десеттата европска титула, а четврта во ерата на Лигата на шампионите. И тоа е рекорд затоа што по три имаат Милан и Барселона.

-Карло Анчелоти стана вториот тренер што ја освојува Лигата на шампионите трипати. Претходно тоа му успеа само на Боб Пејсли со Ливерпул во 1977, 1978 и 1981.

-Анчелоти е најтрофејниот тренер од оние што ја освоиле ЛШ како играчи и како тренери. Тој има пет (три како тренер, два како играч), Рајкард четири, а Гвардиона три пехари.

-Поразот на Диего Симеоне во вчерашното финале значи дека се уште нема неевропски тренер што ја освоил Лигата на шампионите. Претходно тоа не му успеа ниту на Ектор Купер кој загуби две финалиња по ред предводејќи ја Валенсија во 2000 и во 2001-ва.