ЛИБИЈА

Се трага по преживеани под урнатините на либискиот град Дерна

19.09.2023 09:22

Истражителите користат уреди кои можат да откријат човечко тело до 40 метри под земја...

Спасувачките екипи и натаму се надеваат дека ќе пронајдат преживеани под урнатините на либискиот град Дерна. Истражителите користат уреди кои можат да откријат човечко тело до 40 метри под земја. Околу 10 илјади луѓе сè уште се водат како исчезнати во катастрофалните поплави што го зафатија градот.

Според последните податоци, над 11.000 луѓе загинаа.