свет

САД: Лоциран невидливиот борбен авион

19.09.2023 09:31

Тоа е трет настан документиран како „несреќа од класа А“ во изминатите шест недели...

Невидливиот борбен авион кој исчезна за време на викендот откако пилотот се катапултираше е лоциран во руралните делови на Јужна Каролина. Тоа е трет настан документиран како „несреќа од класа А“ во изминатите шест недели.

Во август, тројца американски маринци загинаа во падот на авион за време на тренинг вежба во Австралија, а еден пилот на Маринскиот корпус загина кога неговиот борбен авион се урна во близина до база во Сан Диего за време на тренинг лет.