Покрената нова иницијатива за мир меѓу Палестинците и Израелците
По министерскиот состанок за мировниот процес на Блискиот Исток во Њујорк, поздравена политичка волја за решение...

Не можеме да кажеме дека сме поблиску до мир меѓу Израел и Палестина, а решението за две држави бара посилни напори, истакна шефот на европската дипломатија Борел. По министерскиот состанок за мировниот процес на Блискиот Исток во Њујорк, поздравена политичка волја за решение.
„Ќе се обидеме да ги спроведеме меѓународните напори и да работиме на овој мир. Ако сите што зборуваа денеска и ако сите навистина беа ангажирани да го поддржат ова решение тогаш решението веќе ќе го имаме“, изјави шефот на европската дипломатија Жозеп Борел.
Состанокот се одржа во копретседавање на ЕУ со Саудиска Арабија и Лигата на арапските држави, во соработка со Јордан и Египет.
