Музејот на современа уметност

Изложбата „Горчлив Шеќер“ на Ѓорѓе Јовановиќ во МСУ

19.09.2023 09:47

Изложбата „Горчлив шеќер“ на македонскиот уметник Ѓорѓе Јовановиќ ќе биде отворена вечерва во 20 часот, во Музејот на современа уметност. Куратори се Владимир Јанчевски и Благоја Варошанец...

Изложбата „Горчлив шеќер“ на македонскиот уметник Ѓорѓе Јовановиќ ќе биде отворена вечерва во 20 часот, во Музејот на современа уметност. Куратори се Владимир Јанчевски и Благоја Варошанец.

Проектот е составен од два дела, просторна инсталација и анимации и видеа, осмислени како фрагменти од актуелната стварност и современиот живот, кои во себе содржат знаци, состојби и ситуации, кои истовремено функционираат во преиспитувањето на локалниот контекст, но овозможуваат и исчистување на влијанијата и меѓузависноста во глобалните текови.

Проектот претставува синтеза и надградување на историската авангарда, особено на дадаистичките и надреалистичките интервенции, во обид да ги трансформира и употреби во современиот контекст, обременет со предизвиците на постпандемиската политичка и технолошка реалност. Преплетувањето на реалното и надреалното и екстремните точки на нивното среќавање се одразува и преку спојувањето на разните жанрови, велат кураторите.