Мареј: Треба да се напушти новиот формат на Дејвис купот

19.09.2023 11:37

Двете најдобри селекции ќе се пласираат во „Фајнл 8“.

Британскиот тенисер Енди Мареј повика да се напушти новиот формат на Дејвис купот.

Во групната фаза на Дејвис купот во Манчестер се натпреваруваат селекциите на Велика Британија, Австралија, Франција и Швајцарија. Репрезентациите ќе играат меѓу себе. Двете најдобри селекции ќе се пласираат во „Фајнл 8“.

Завршниот турнир од годинашното издание на Дејвис купот ќе се одржи во ноември во Малага, Шпанија.