Индија

Индија протера висок канадски дипломат

19.09.2023 12:08

Индија протера врвен канадски дипломат, само неколку часа откако Отава протера индиски дипломат, со образложение дека е поврзан со убиството на лидерот на канадските Сики во Британска Колумбија...

Индија протера врвен канадски дипломат, само неколку часа откако Отава протера индиски дипломат, со образложение дека е поврзан со убиството на лидерот на канадските Сики во Британска Колумбија.

Индија изразува загриженост поради мешањето на канадските дипломати во внатрешните работи и нивното вклучување во активности против Њу Делхи.

Канадскиот премиер Трудо рече дека индиската влада можеби стои зад убиството на канадскиот водач на Сиките, а разузнавачите идентификувале веродостојна врска со индиската држава.