ИТАЛИЈА

И покрај новите мерки, мигрантите и натаму пристигнуваат на Лампедуза

19.09.2023 12:39

Италија усвои нови мерки за мигрантите. Оние кои не се квалификуваат за азил ќе бидат вратени во матичните земји. Одлуките доаѓаат по ненадејниот и масовен прилив на мигранти на островот Лампедуза...

Италија одобри мерки кои се однесуваат на мигрантите кои не се квалификувани за азиланти со што треба да бидат вратени во матичните земји.

Потегот е последица на бранот од 10.000 мигранти пристигнаа на јужниот италијански остров Лампедуза во минатата недела.

„Овие деца пристигнуваат без чевли, валкани, не е фер, тоа е масакр. Не можеме да не ги видиме овие работи. Тие се луѓе како нас, не е во ред“.

„На Европа не ѝ е грижа, ние сме напуштени, тоа е сè!“

„Имаме уште 1.500 луѓе. Некои од нив треба да бидат префрлени во наредните часови. Сè е поврзано со пристигнувањето на чамците и со временските услови. Но, ако се биде добро, ситуацијата утре ќе се нормализира“, изјави Игнацио Шинту, заменик секретар на италијанскиот Црвен Крст.

„Не знаеме каде одиме, она што сакаме е да заминеме одовде. Малку е тешко, условите не се нормални“.

Премиерката Мелони вети дека ќе ја спречи илегалната имиграција. Според италијанскиот закон, мигрантите кои се соочуваат со репатријација може да бидат притворени доколку не се веднаш протерани. Во Италија годинава пристигнале повеќе од 127.000 мигранти, двојно повеќе од истиот период лани.

Франција нема да ги прифати барателите на азил од Лампедуза, но се подготвува да отвори нов мигрантски камп во Ментон, на границата со Италија. Во Германија е актуелна дебатата за мигрантите, во Бундестагот е протежирано барањето за горна граница за прием од 200.000  мигранти годишно. Состојбата влијае на растот на рејтингот на ултрадесничарската алтернатива за Германија.

 

Марина Ристова