Азербејџан
Антитерористичка акција во Нагорно-Карабах
19.09.2023 14:24
Азербејџан почна антитерористичка акција во регионот Нагорно-Карабах, кој е под контрола на Ерменија...

Азербејџан почна антитерористичка акција во регионот Нагорно-Карабах, кој е под контрола на Ерменија. Тензиите во регионот пораснаа во изминатите месеци, што кулминираше откако 11 азербејџански полицајци и цивили загинаа во експлозија на мина и во уште еден инцидент.
Баку ги обвини ерменските сили за систематско гранатирање позиции на азербејџанската војска возвраќајќи со лансирање локални антитерористички активности.
Антитерористичка операција почнала неколку часа откако четворица војници и двајца цивили загинале во експлозии на нагазни мини во регионот Нагорно-Карабах.
