Можни зарази како последица од поплавите во регионот

25.05.2014 14:45

Комисијата за заразни болести веќе одржала еден состанок, но в понеделник се очекува и официјално да излезат со новите препораки и за граѓаните и за пациентите...

Министерството за здравство не ја исклучува опсноста за  можни зарази како последица од катастрофалните поплави во регионот.

Граничните контроли се зајакнуваат, а Министерството за здравство најавува дека специјалната комија за зaштита од зарази ќе упати препораки до граѓаните. Комисијата за заразни болести веќе одржала еден состанок, но в понеделник се очекува и официјално да излезат со новите препораки и за граѓаните и за пациентите.

Од агенцијата за храна и ветеринарство во македонија, пак, информираат дека нема опасност од увоз на млеко и на пченка со афлатоксин. По поплавите во регионот кои однесоа и човечки животи , допрва погодените региони ќе ги бројат и материјалните штети. Се проценува дека тие нема да бидат помали од 1,5 милијарди евра.

Она што сега е аларм за српските, босанските и за хрвататските власти е да се спречи ширењето на зарази и епидемии кои лесно можат да ги преминат  границите.