Скопјанец осомничен за трговија со луѓе, држел Романка во Кондово

25.05.2014 15:00

Одделот за сузбивање организиран и сериозен криминал при МВР до Основното Јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, поднесе кривична пријава против лицето Р.С.(23) од Скопје осомничен дека сторил кривично дело „трговија со луѓе“.

Од страна на полициските служби на Романија на 23.05.2014 година, соопшти денеска МВР, преку СМС доставена е информација и барање за лоцирање, односно пронаоѓање на лицето К.С.(20) од Романија, за која постоеле основи на сомневање дека е потенцијална жртва на трговија со луѓе односно дека присилно е држена од страна на пријавениот на територија на Република Македонија.

По преземени оперативно тактички мерки, тој ден романската државјанка е пронајдена во домот на кривично пријавениот во село Кондово, при што со неа е извршен службен разговор во кој посочила дека со пријавениот се запознала во текот на октомври 2013 година во Бон, Германија каде што тој повремено престојувал и работел, кај своите роднини.