Временска прогноза

Сончево и топло со мала до умерена облачност

20.09.2023 08:15

Околу пладне наместа облачноста ќе се зголемува и ќе има услови за краткотраен пороен дожд и грмежи...

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Околу пладне наместа облачноста ќе се зголемува и ќе има услови за краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец.

Минималната температура ќе се искачи до 17 степени, а максималната до 32 степени.

Во Скопје ќе биде сончево и топло со умерена облачност и со слаб до умерен северозападен ветер. Во делови од котлината ќе има услови за краткотраен пороен дожд.