Азербејџан
Загинати и ранети во воена операција на Азербејџан
20.09.2023 08:35
Азербејџан почна воена операција против ерменските сили откако 11 полицајци и цивили загинале од експлозија на мина...

Десетици загинати и ранети во воената операција на Азербејџан, тврдат властите на нагорно Карабах. Азербејџан почна воена операција против ерменските сили откако 11 полицајци и цивили загинале од експлозија на мина. Баку го обвини Ереван за гранатирање позиции на азербејџанската војска. Пашијан го свика Советот за безбедност и побара реакција од Обединетите нации.
Претседавачот на ОБСЕ Османи имал средба со министрите за надворешни на Азербејџан и Ерменија на маргините на Генералното собрание на обединетите нации во Њујорк. Повикал на итна деескалација.
