МТСП

Министерката Тренчевска во Пласница, ќе посети давател на услугата помош и нега во домот

20.09.2023 09:40

Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска денеска во Пласница ќе го посети давателот на социјалната услуга помош и нега во домот – Здружението за поддршка на идентификувани и потенцијални ранливи групи „ЖРТВА Охрид“ кое ја спроведува оваа услуга во општините Пласница...

Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска денеска во Пласница ќе го посети давателот на социјалната услуга помош и нега во домот – Здружението за поддршка на идентификувани и потенцијални ранливи групи „ЖРТВА Охрид“ кое ја спроведува оваа услуга во општините Пласница.

Услугата е наменета за стари лица постари од 65 години, како и за лица со потежок облик на попреченост кои не се во состојба самите да се грижат за себе.

На настанот, покрај министерката Тренчевска, ќе зборуваат и Алија Јаоски, градоначалник на Општина Пласница и Драгана Костевска, претседателка на здружение Жртва.

Во рамки на посетата, Тренчевска ќе посети и корисник на услугата помош и нега во домот во Пласница за да се информира за придобивките на корисниците од услугата.