Попова Шапка ќе добие жичница вредна 9,4 милиони евра
ЕЛЕМ, компанијата која стопанисува со скијачкиот центар планира да изгради и три нови скијачки патеки со должина од 5 илјади метри...

Електрани на Македонија (ЕЛЕМ) реши италијанската компанија „Леитнер“ да ја проектира и да ја гради шестоседната жичница за скијачкиот центар Попова Шапка за нешто повеќе од 580 милиони денари или за околу 9,4 милиони евра.
Проектот би требало да биде завршен до првото тромесечие во 2015-та година.
Должината на трасата на идната жичница ќе биде илјада и 420 метри, а максималниот капацитет ќе биде 3 илјади и 200 скијачи за еден час. ЕЛЕМ, компанијата која стопанисува со скијачкиот центар планира да изгради и три нови скијачки патеки со должина од 5 илјади метри.
Целиот проект за модернизација на скијачкиот центар ќе чини 30 милиони евра.
