Комедијата „Обвинителка“ на сцената на Националната опера и балет
Комедијата третира актуелна тематика, без вулгарности и отсликува секојдневни комични ситуации со јасно изразени карактери.

Хит комедијата „Обвинителка“ на сцената на Националната опера и балет на 22-ри септември во 20 часот. Автор на текстот е Огнен Неделковски, режисер е Сашо Ристовски, сценограф Крсто Богојевски, костимографијата е на Елена Лука, а музика на Мишел Трајковски.
Улогите ги толкуваат: Лидија Вукиќевиќ (Србија), Магдалена Ризова-Черних, Сашо Ристовски и Бранко Атанасов.
Комедијата третира актуелна тематика, без вулгарности и отсликува секојдневни комични ситуации со јасно изразени карактери.
Комедијата одговара на прашањата кои многу често си ги поставува секој поединец во денешното наше секојдневие: Како е да се биде бизнисмен? Обвинител или вработен во обвинителство? Кои средства се користат за спас од обвинение? Љубовта и страста што можат да му сторат на еден човек, како е да се плашиш и да живееш во страв дека те прислушкуваат, колку и на што се сме спремни за да побегнеме од одговорност и многу општествени случувања.
Тоа што оваа комедија ги спои уметниците од Србија и Македонија е патоказ како треба да се работи во иднина на полето на културата.
По барање на публиката, хит комедијата „Обвинителка“ ќе гостува во Кочани, Кичево, Гостивар, Неготино, Велес и Струмица, а веќе следниот месец се предвидени гостувања и во дијаспората.
