Украина

Продолжуваат борбите во Украина

20.09.2023 11:38

Две лица загинаа во напад на Керсон, кога руските војници отвориле оган врз тролејбус...

Продолжуваат борбите во Украина. Две лица загинаа во напад на Керсон, кога руските војници отвориле оган врз тролејбус. Загинале полициски наредник и еден цивил. Повредено било уште едно лице. Од Норвешка е побарано да прифати повеќе бегалци поради војната во Украина. Над 59.000 украинци поднеле барање за азил во Норвешка.