Свет

Лампедуза: Не сме само остров на мигранти

20.09.2023 11:38

Жителите на Лампедуза побараа областа да не се нарекува само остров на мигранти...

Жителите на Лампедуза побараа областа да не се нарекува само остров на мигранти. Премиерката Мелони вети мерки за спречување на пристигнувањето на мигрантите, а Европа целосна поддршка.

Но, Рим и Брисел се далеку. Меѓу точките на планот на Фон дер Лајен е прераспределбата на мигрантите меѓу различните европски земји и алтернативите на илегалните рути.

Граничниот премин Силене на латвиско-белоруската граница е затворен со цел да се спречат заканите за илегална миграција. Во изминатите 6 дена, службениците на државната гранична стража спречија обиди на 894 лица илегално да ја преминат латвиско-белоруската граница.

Притисокот на илегалната имиграција е тројно зголемен за краток временски период, се вели во прибелешката на нацрт-регулативата.