Операција за освојување на Нагорно Карабах
Азербејџан почна операција за заземање на Нагорно Карабах. Армијата продолжува со гранатирање на регионот. Погодена е и цивилна инфраструктура. Според Министерство за одбрана на Азербејџан Ерменија ги зголемува своите разузнавачки операции. Азербејџан обвини и за убиство на цивили. Советот за безбедност закажа итен состанок за утре...

Азербејџан почна операција за освојување на Нагорно Карабах. Армијата продолжува со гранатирање на регионот. Погодена е и цивилна инфраструктура.
Портпаролот на Министерство за одбрана на Азербејџан ја обвини Ерменија дека ги зголемува своите разузнавачки операции.
„Ги забележавме потезите на Ерменија во Нагорно Карабах како што се доведување единици на високо ниво на борбена готовност, дополнителни единици за мобилизација, зголемување на разузнавањето кон азербејџанската армија и повторно минирање на деминираните области и цивилни патишта со цел терористичка провокација“, изјави Анар Ејвазов, портпарол на Министерството за одбрана на Азербејџан.
Азербејџан обвини и за убиство на цивили. Најмалку триесетина војници и двајца жители загинаа во експлозии на нагазни мини во во спорниот регион, меѓународно признаен како азербејџанска територија.
„Ослободувањето на Арцах е идеја што е во самата основа на нашата државност и е напишана во нашата декларација за независност и устав дека Ерменија е бранител број еден на Арцах. Имам многу роднини таму, а не знам ни дали се живи, можеби се во болница“, изјави жител на Ереван.
„Две години живеев и работев во Арцах и моментално имам многу роднини и пријатели таму. Некои од нив се во подруми, некои ги бараат своите деца, кои заминале на училиште“, изјави друг жител.
„Арцах е во тотален геноцид. Тоа не е војна кога гладната и разоружана нација во блокада не е ни способна да се бори. За жал, мнозинството од нашето општество не разбира што се случува“, вели друг жител.
Од соседството, Турција побара реформи во Советот за безбедност за справување со воениот предизвик во Јужен Кавказ.
„Нашиот повик за воспоставување меѓународен систем кој ги елиминира глобалните неправди, се справува со економските нееднаквости, прави мир, безбедност, стабилност и просперитет. Му даваме важност на повикот на Гутереш за создавање нова агенда за мир. Имаме историска можност да воспоставиме мир, спокојство и соработка во јужен Кавказ“, изјави Реџеп Таип Ердоган, претседател на Турција.
Советот за безбедност закажа итен состанок за утре. Москва побара итно запирање на конфликтот што повторно се разгоре по три години. Азербејџанскиот претседател Алиев му порачал на американскиот државен секретар Блинкен дека Баку ќе ја прекине антитерористичката операција доколку Карабах се разоружа.
Марина Ристова
