ЕКРИ со извештај за Македонија
Во комисијата ги нотираат и нападите врз лицата кои се идентификуваат како Бугари и ја поздравуваат интеграцијата на Ромите, кои сепак имаат проблеми со личните документи, вработувањето и неостварувањето на здравствените права.

Училишниот систем во Македонија е поделен на јазични линии, на македонски и албански јазик, забележува Европската комисија против расизмот и нетолеранцијата (ЕКРИ) во денешниот извештај за земјава.
Поради одлуката на Министерството за финансии, Комисијата за превенција и заштита од дискриминацијата, како и канцеларијата на омбудсманот сè уште се соочуваат со персонални и буџетски предизвици кои влијаат врз независноста на институциите, информираат во ЕКРИ.
Во комисијата ги нотираат и нападите врз лицата кои се идентификуваат како Бугари и ја поздравуваат интеграцијата на Ромите, кои сепак имаат проблеми со личните документи, вработувањето и неостварувањето на здравствените права.
За говорот на омраза се вели дека се прават напори за сузбивање на појавата, во што е вклучен и ОБСЕ со обука на околу две илјади полицајци.
Има напредок и во делот на признавањето на сексуалната ориентација, поддршката е добиена од Министерството за труд и социјални работи, пишува во извештајот на Европската комисија, која препорачува поголема финансиска самостојност, борба со говорот на омраза, родова еднаквост и справување со сегрегацијата во образованието.