Македонија

Предлог-законот за амнестија се сели кај други надлежни институции

20.09.2023 12:34

Законот за амнестија од Влада се сели кај други надлежни институции. Тие ќе прават проверка дали има потреба за дополнително усогласување на Предлог- законот. Со него се предвидува амнестирање на 250 затвореници …

Амнестијата на министерот Лога во ќорсокак. Владата констатирала дека постои потреба од дополнително усогласување на Предлог-законот за амнестија со надлежните институции. Спор во владејачката коалиција, или на законското решение за целосно амнестирање на 250 затвореници е недоуредено и му треба дополнителна шминка?! Прашање е колку време е потребно за доуредување на законот и дали воопшто повторно ќе дојде на дневен ред, најпрвин во Владата па во Собранието.

Лут на владината одлука Лога најавил оставка од министерската функција, но од правда велат тој тоа не го сторил и покрај вербалната комуникација со неговите колеги.

Од власта, тргнувајќи од ресорниот министер до премиерот Ковачевски, уверуваат дека целта со амнестијата е да се растоварат пренатрупаните затвори. За опозицијата предложената амнестија е парцијално решение за ситни политички поени пред избори. Тврдат дека Ковачевски и Ахмети со Груевски договарале измени во Кривичниот законик и амнестијата.

Амнестија се предвидува за лесни кривични дела, целосно ослободување на затворениците до шестмесечна казна затвор, а 30 проценти од останатите затвореници ќе добијат намалување на казната. За тешките дела против државата, како и убиствата и осудените на доживотен затвор, помилување нема.

Миле Ристески