Десетто „Гласно НЕ за дискриминација на децата со нарушен раст“
Под мотото „Гласно НЕ, за дискриминација на децата со нарушен раст“, здружението на родители денеска десетти пат се придружи на глобалната иницијатива за одбележување на Светскиот ден за подигнување на свеста …

Кога Јана имала пет години, Љубица забележала дека нејзината ќерка не расте како останатите врсници. На таа возраст изгледала како да има три години. Од педијатарот побарала упат, а на Клиниката за ендокринологија и ги потврдиле сомнежите, дека кај Јана е нарушен хормонот за раст. Терапијата ја чекале четири месеци. Љубица открива и дека некои деца со нарушен раст се соочуваат со дискриминација. Има случаи кога не можат да се запишат во училиштето во кое сакаат да учат.
„Сè уште ја прима терапијата, добро напредува се е во ред. До пред извесно време постоеа листи на чекање за да може да се добие терапија, за која не треба да се губи ниту еден момент бидејќи децата се во период на растење и секој ден е важен. Поради некои причини на нарушување во растот на некои деца не им било дозволено да се запишат во училиштето во коешто сакаат. Јас лично не сум го осетила ова на моја кожа сè уште. Моето дете е петто одделение, се надевам дека нема ни да се соочам со ова“, изјави Љубица Боговски, родител на дете со нарушен раст.
Во земјава се дијагностицирани 140 деца со нарушен раст и сите ја примаат потребната терапија, но бројката е поголема бидејќи овие деца доцна бараат лекарска помош.
Андријана Ѓурческа
