Црквата Свети Никола во Љубанци ќе добие камбанарија

25.05.2014 16:50

Осветени темелите за изградба на нова камбанарија во црквата Свети Никола во село Љубанци...

Камбанарија која христијаните ќе ги повикува за радост, за жалост и ќе ги буди за молитва. Ѕвоното ќе се слуша во сите околни села во Љубанци. Осветени темелите за изградба на нова камбанарија во црквата Свети Никола во село Љубанци.

„Со неговото звонење и науто и напладне, народот ќе го повика на молитва, а преку молитвата која е разговор со бога ќе се смируваат и ќе го најдат мирот во душите и срцата“, изјави владиката Агатангел.

„Денешниот ден е голема радост за нас сите, како прво за селото Љубанци каде што сум роден, за црквата Свети Никола каде што сум крстен, каде што се венчани моите родители, и од дете сум израснал тука и од секогаш ми било чест и задоволство да можеме сите заедно нашата црква да ја подигнеме на едно повисоко ниво и животот во селото да го направиме христијански уште побогат и повесел“, изјави Јохан Тарчуловски.

Ќе се реконструираат и конаците на манастирскиот комплекс Свети Никола.

„Веќе се завршени проектите, така да во месец јуни ќе се избере и фирма ќе се објави и тендерот за избор на фирма за демонтажа на конаците“, соопшти министерката за култура, Елизабета Канческа Милевска.

Во светиот храм во Љубанци беа изложени и моштите од светецот.

Оваа црква во село Љубанци постои од 19 век, но има темели што се постари и од 16 век.

 

Ана Јосифоска- Тодоровска