Награда за Милчо Манчевски во Италија
Милчо Манчевски е почесен гостин на фестивалот, кој го чествува со Ретроспектива на комплетниот опус од „Пред дождот“, „Прашина“,, Сенки“, „Мајки“, „Бикини Мун“, „Врба“ и „Кајмак“ до кратките „Четврток“ и „Крајот на времето“...

Најтрофејниот македонски режисер Милчо Манчевски деновиве доби уште една награда на фестивалот И – фест во Калабрија, Италија. Милчо Манчевски е почесен гостин на фестивалот, кој го чествува со Ретроспектива на комплетниот опус од „Пред дождот“, „Прашина“,, Сенки“, „Мајки“, „Бикини Мун“, „Врба“ и „Кајмак“ до кратките „Четврток“ и „Крајот на времето“. Тој одржа и мастерклас.
„Ме изненади наградата и ме потсети на зборовите на тогашниот директор на Венецискиот фестивал Џило Понтекорво, кога ми ја врачуваше десеттата награда во иста вечер во Венеција: „ Баста, сињор Манчевски“. Ја посветувам наградата на сите оние кои вредно работат на филмовите, без никој да знае за нив: истражувачи, публицисти, правници, дистрибутери“, изјави Манчевски.
Последниот филм на Манчевски „Кајмак“ неделава продолжува со фестивалскиот живот. На 23 септември го отвора фестивалот во Тирана, Албанија. Следат фестивалите „Балкан панорама“ во Измир, Турција и „Avant@Una“ во Бихаќ, БиХ.
