Временска прогноза

Променливо облачно време со сончеви периоди

21.09.2023 08:26

Вдолж Повардарието и во Пелагонија ветерот ќе засилува. Попладне ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи особено во северните и источните делови од земјата...

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен, претежно југозападен ветер. Вдолж Повардарието и во Пелагонија ветерот ќе засилува. Попладне ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи особено во северните и источните делови од земјата.

Минималната температура ќе се движи во интервал од 10 до 17 степени, а максималната ќе достигне 31 степен.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен ветер од југоисточен правец, Попладне во делови од котлината ќе има услови за краткотраен пороен дожд и ретки грмежи.