Куманово: Засега стабилна состојбата со корона вирусот
Во Куманово засега е стабилна состојбата со корона вирусот. Незначителен е бројот на позитивни лица. Од лабораторијата на Центарот за јавно здравје информираат дека десетина лица на неделно ниво се тестираат кај нив …

Засега е стабилна состојбата со корона вирусот во Куманово. Од центарот за јавно здравје информираат дека десетина лица на неделно ниво, или по двајца дневно во последниов период се тестирале за Kовид 19. Од лабораторијата во оваа здравствена установа велат ова е незначително зголемување на заинтересираните за тестирања во однос на долгиот период по пандемијата кога речиси и не се спроведуваше тестирање.
„Повеќето доаѓаат со упати од матични и сега во скоро време почна и инфективното одделение да ни праќа упати за тестирање на пациенти на Ковид 19. Од тие десетина можеби тројца се позитивни“, вели примариус д-р, Весна Стефановска, микробиолог.
Од лабораторијата велат во случај на нов бран на Kовид 19 тие ќе одговорат на потребите.
Куманово беше меѓу најпогодените градови од коронавирусот.
Во екот на пандемијата во Центарот за јавно здравје Куманово неделно се тестираа и до 700 граѓани. Центарот располага со доволен број на обучен персонал.
Елена Георгиевска
