Украина

Бригада за враќање на село на патот кон Бахмут

21.09.2023 09:22

Војниците од 3-та бригада на Украина почнаа да го заземаат селото Андриевка...

Војниците од 3-та бригада на Украина почнаа да го заземаат селото Андриевка, на околу 10 километри јужно од градот Бахмут. Цел уште од почетокот на контраофанзивата на Украина.

„Секој оној кој вели дека се движиме полека нека дојде да проба барем еднаш. Ќе разбере. Мислат дека е едноставно? Војната е наука и не можете да победите само со пиштол. Ова е нашата земја. Погледнете ги полињава, шумава. Сè повторно расте. Градовите што ќе ги вратиме ќе бидат обновени и ќе имаме подобар живот“, изјави војник.