Македонија

Бесплатни училишни униформи за над седум илјади ученици од Општина Аеродром

21.09.2023 10:00

Станува збор за комплетен пакет – униформа кој вклучува целосна опрема за учениците. Средствата за реализација на набавката се обезбедени од буџетот на Општина Аеродром.

Започна процесот на доставување на бесплатните училишни униформи за повеќе од седум илјади ученици од сите основни училишта во Аеродром. На настанот присуствуваа претседателот на советот Дејан Митески и секретарот на Општина Аеродром, Јулијана Павковска-Боцевска.

Станува збор за комплетен пакет – униформа кој вклучува целосна опрема за учениците. Средствата за реализација на набавката се обезбедени од буџетот на Општина Аеродром.

Целта на овој проект да обезбеди подобри и посовремени услови за одвивање на наставата, истовремено водејќи сметка тоа да не предизвика дополнително оптоварување на семејниот буџет- соопштуваат од општина Аеродром.